Во Москва објавена „Послание“ на Блаже Конески

Неодамна издавачката куќа „У Никитских ворот“ во Москва ја објави книгата „Послание“, поезија од Блаже Конески, проект на Олга Панкина, познат промотор на македонската култура во Русија. Објавена во тираж од 1.000 примероци, на 368 страници „Послание“ ги содржи шесте последни поетски книги на Конески кои на руски јазик се објавуваат прв пат: „Послание“ (1987), „Црква“ (1988), „Златоврв“ (1989), „Сеизмограф“ (1989), „Небеска река“ (1991) и „Црн овен“ (1993). Академик Милан Ѓурчинов е автор на предговорот „Пораки и неспокојства на гордиот осаменик”, а книгата која наесен ќе биде промовирана во Скопје и Москва содржи библиографија на песните на Конески објавени на руски, составена исто така од Олга Панкина. Изданието финансиски е поддржано од Министерството за култура на Република Македонија, Фондацијата „Трифун Костовски“ и од Меѓународниот славјански институт „Державин“.

© Македонский культурный центр